fbpx

ВМРО-ДПМНЕ и некрофилот Мицкоски секојдневно го покажуваат своето морбидно, нечовечно лице

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Во време на светска пандемија, кога стотици семејства се погодени од коронавирусот, сите здравствени работници даваат се од себе во борбата против опасниот вирус ВМРО-ДПМНЕ упорно го поткопува здравствениот систем, морбидно ја слави смртта и навива за опасниот вирус.

Примерите на мрачниот некрофил Христијан Мицкоски ги следат и во Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Поставувањето на плакат, кој алудира на смрт пред Министерството за здравство, од страна на Стефан Синадиновски од УМС Аеродром е уште еден морбиден, срамен чин, доказ дека ВМРО-ДПМНЕ го допре дното.

Со потсмевањето со жртвите на коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ го покажува своето морбидно, некоректно, нечовечно лице.

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет, од почетокот на пандемијата само глуми загриженост за здравјето на граѓаните, а од друга страна и ги прекршува мерките за заштита, ги поткопува напорите на здравствениот систем за справување со најголемата здравствена криза.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе остане во опозиција

Последни вести