Соопштение за јавност – реакција на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
Морбидноста на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски секојдневно достигнува сериозни размери.
Додека Мицкоски глуми загриженост членот на неговиот Извршен Комитет, Вело Марковски јавно ги оспорува мерките за заштита, го поткопува здравствениот систем и навива што повеќе луѓе да се заразат.
Додека илјадници семејства се борат против коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ починатите и заболените ги сведе на статистика, на бројка за да прави настани и перформанси со кои ги злоупотребува во дневнопартиски цели.
Со таквото неодговорно однесување, ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и Марковски остануваат најголема закана за јавното здравје.