fbpx

ВМРО-ДПМНЕ работи против евроатлантските интеграции на Република Северна Македонија, Мицкоски е против националните и државни интереси

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ е антидржавна партија, која работи против евроатлантските интеграции на Република Северна Македонија и стои на спротивната страна на државата и граѓаните.

Деструктивното ВМРО-ДПМНЕ предводено од губитникот Христијан Мицкоски во последните три години правеше се за да ги закочи реформите, за да го спречи напредокот, за да ја блокира интеграцијата во НАТО и ЕУ.

Криминалната ВМРО-ДПМНЕ предводена од бегалецот од правдата Никола Груевски 11 година ја држеше државата во изолација, скарана со соседите, далеку од евроатлантските интеграции.

Храбрите и мудри политки на СДСМ за само три години ја одведоа државата од раб на граѓанска војна, во полноправно членство во НАТО и пред отворање пристапни преговори за ЕУ.

Продолжуваат реформите и напорите за отворање на пристапните преговори во 2020 година.

Додека СДСМ се грижи за националните и државни интереси, ВМРО-ДПМНЕ се радува на постапката на Бугарија.

Ниту едно деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да ја спречат нашата европска иднина.

Последни вести