fbpx

Предлог-Буџетот за 2021 година предвидува вложувања во јавното здравство, спас на работните места и реализација на капиталните инвестиции

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Предлог-Буџетот за 2021 година, подготвен од Владата предводена од СДСМ, е структуиран да одговори и на здравствените и на економските предизвици од коронакризата, но истовремено нуди можности за рестарт на македонската економија.

Клучни сегменти во Предлог-Буџетот, кој од денеска е во собраниска процедура, се инвестициите во јавното здравство, спас на работните места и реализација на капиталните инвестиции.

За здравството, во Буџетот за 2021 се проектирани 40,8 милијарди денари, со што на дело ја потврдуваме заложбата за сериозни инвестиции во јавното здравство кое со месеци се бори против коронавирусот.

Поддршката за стопанството и работните места продолжува и во 2021 година. Преку неколку програми од Буџетот за 2021 година обезбедуваме поддршка во вкупна вредност од 7,1 милијарда денари или 115,5 милиони евра. Од овие средства 1,9 милијарди денари ќе се наменат за поддршка за формирање на нови компании, преку самовработување и вработување на други невработени лица, но и обуки за невработените.

Реализација на Буџетот е насочена кон заштита на здравјето на граѓаните, стопанството и работните места, и затоа повикуваме тој да биде донесен од страна на сите пратеници, низ отворена и конструктивна дебата.

СДСМ како одговорна партија продолжува со ефикасно справување со здравствените и економските последици од коронавирусот, како и со вложувања во човечкиот капитал и во капиталните инвестиции.

Последни вести