fbpx

Наместо да измислува оправдувања, Мицкоски да каже за чии странски центри и интереси одработува

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ се толку заробени во сопствената хистерија, што веќе не знаат каде тераат, не знаат што да кажат.

Наместо да измислува оправдувања и непосточеки работи, Христијан Мицкоски самопрогласениот хистеричен политичар треба да излезе пред јавноста и да одговори на важни прашања за јавноста.

Кој му ја дал оваа информацијата дека наводно викендов се распарчувала Македонија?

Дали лично му се јавија на Мицкоски или тоа одело преку посредници?

Ако знаел дека се спрема нешто опасно по државата зошто не пријавил во надлежни институции?

За кого одработува Христијан Мицкоски, за чии странски интереси, за кои центри?

Мицкоски, охрабри се и одговори на прашањата кои се важни за граѓаните.

Последни вести