fbpx

Мицкоски шест пати губиш на избори и не ја учиш лекцијата, граѓаните во тебе гледаат само проблем!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

За лидерски средби потребни се лидери, а Христијан Мицкоски тоа не е, освен кога се работи за ширење лажни вести и дезинформации.

Мицкоски не може да понуди никакви решенија, не може да нуди решенија оној кој прави само проблеми, поделби и лажни вести.

Мицкоски, граѓаните во тебе не гледаат решение, туку само блокатор на се што е добро за државата. Тоа досега требаше да ти стане јасно, по шесте изборни порази и издишаните протести што народот не ги поддржа.

Мицкоски ти немаш став ниту за сопствените барања. Еднаш бараш лидерска средба, па потоа велиш дека нема да одиш, за денеска пак да бараш.

Граѓаните одбраа и одбираат сигурност, развој, напредок и стабилност и добро знаат дека тоа со Мицкоски не е возможно. Затоа шест пати го казнуваат на избори и го остваат во опозиција.

Последни вести