fbpx

ВМРО-ДПМНЕ не престанува со обидите да го поткопува здравствениот систем, договорени тендери беа одлика на нивното владеење

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на прес-конференција на Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ

Срамно и неодговорно е за еден лекар во ек на светска пандемија на Ковид 19, во период на имунизација против инфлуенца да шири лажни вести. Марија Андоновска, од ВМРО ДПМНЕ свесно сака да создаде вознемиреност и паника меѓу граѓаните, омаловажувајќи ја работата на здравствените работници кои скоро една година деноноќно се борат со ковид пандемијата и за разлика од неа, немаат време да држат партиски прес-конференции, бидејќи се грижат за пациентите.

Секоја јавна набавка на Министерството за здравство со кое раководи е пример за транспарентност и правичност.

ВМРО ДПМНЕ на денешната прес-конференција свесно манипулира, обидувајќи се да испрати порака дека набавката на вакцините била спроведена од МЗ, како што лаже дека во постапката била фаворизирана една фирма.

Андоновска знае дека денеска објави документи што се од постапка на Центар за јавно здравје Скопје, кои купуваат комерцијални вакцини, а не на Министерство за здравство.

Министерството за здравство постапките за набавка ги прави на транспарентен начин и податоците од тие постапки се достапни на јавноста.

Ако докторката се потрудила да ги провери информациите пред да лаже и манипулира ќе утврдила дека за 2019 и 2020 за набавка на вакцини против сезонски грип МЗ има распишано два тендери, на кои може да учествуваат сите производители чии вакцини се во календарот за имунизација на МЗ.

Нема фаворизирање на фирми, нема наместени тендери, тоа е типично за времето на ВМРО ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ не престанува свесно да го поткопува здравствениот систем, не престанува да работи на штета на граѓаните и јавното здравје.

Последни вести