Соопштение за јавност
ВМРО лажни вести ДПМНЕ повторно шират дезинформации, во обид да ги срушат позитивните промени во образованието. Со реформите кои се подготвуваат младите конечно ќе имаат слобода и можност да се развиваат. Ќе учат по современи програми наменети да им помогнат да го достигнат својот полн потенцијал.
Во новиот модел за основно образование кој се подготвува ќе се изучуваат сите научни дисциплини, вклучително и историјата. Она што ќе биде различно е пристапот кон изучување на материјата. Учениците ќе се стекнат со знаења од историја, географија и содржини од други научни дисциплини, но тоа ќе биде на начин што ќе биде прилагоден на нивната возраст и ќе им помогне подобро ги разберат настаните и појавите за кои учат.
ВМРО-ДПМНЕ со години градеше образование кое учи само на бледи факти и не им овозможува на учениците да ги развиваат аналитичките способности. Типичен пристап за секоја режимска власт, која сака да ги ограничи младите, да ги спречи да напредуваат, да размислуваат и делуваат критички. Оваа нивна политика го доведе нашето образование на дното на сите ранг листи, според домашните и меѓународни истражувања.
ВМРО-ДПМНЕ исто така воведе наставни програми полни со дисктриминаторски содржини, кои оставија белег на многу идни генерации. И покрај сето ова, се дрзнуваат да шират лаги и манипулации во време кога власта предводена од СДСМ ја презема одговорноста да воведе темелни реформи во образовниот процес. Ги повикуваме да почнат да работат како одговорна опозиција и да придонесат кон реформите чија цел е да обезбедат поквалитетно образование за сите ученици.