Соопштение за јавност
Губитникот Христијан Мицкоски да престане да работи против својата држава, против својот народ и да не ги поткопува државните интереси.
Мицкоски треба да го повлече тврдењето дека е потребен нов Договор со соседна Бугарија, што е сосема спротивно на државните позиции и на директна штета на државните интереси.
Исто така Мицкоски велеше дека може да направи подобар Договор и од Преспанскиот за подоцна да се повлече.
Имаме добар Договор со Република Бугарија и не е потребен нов договор, не е потребен анекс, туку доследно почитување на договореното.
Нашите позиции се јавни и добро познати. За македонскиот идентитет не се разговара и не се преговара. Ние сме Македонци, кои говорат македонски јазик.
Што и да прави Мицкоски не може да ја загрози нашата европска иднина.