Соопштение за јавност-реакција на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО лажни вести ДПМНЕ повторно шират дезинформации, во обид да ги срушат позитивните промени во образованието.
Деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ отиде до таму што денеска ги плашат граѓаните со наводни масовни отпуштања.
Со реформите кои се подготвуваат младите конечно ќе имаат слобода и можност да се развиваат. Ќе учат по современи програми наменети да им помогнат да го достигнат својот полн потенцијал.
По сиот хаос што го оставија во образованието, ВМРО-ДПМНЕ немаат право да зборуваат за било што поврзано со образовниот процес.
Во новиот модел за основно образование кој се подготвува ќе се изучуваат сите научни дисциплини, вклучително и историјата. Она што ќе биде различно е пристапот кон изучување на материјата.
Учениците ќе се стекнат со знаења од историја, географија и содржини од други научни дисциплини, но тоа ќе биде на начин што ќе биде прилагоден на нивната возраст и ќе им помогне подобро ги разберат настаните и појавите за кои учат.