fbpx

Следува филтрација на судството, а токму Мицкоски стравува од неа, затоа што е единствен на браникот на криминалот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Нема ден а Христијан Мицкоски да не излезе со нова лага, нова конструкција на штета на граѓаните.

Ако Мицкоски малку следи македонска политика ќе знае дека ветинг на судството како концепт е напуштен одамна. Следува филтрација на судството и обвинителството.

Методологијата по која ќе се прави филтрацијата ќе биде објавена за неколку денови, а токму Мицкоски стравува од неа бидејќи сите оние во судството кои го штитат криминалот на неговата партија ќе бидат исфилтрирани.

Со изнесените невстини денеска Мицкоски го потврди неговот признание дека е единсвтен на браникот на криминалот, единствен кој е против реформи во правосудството.

За разлика од него, Владата предводена од СДСМ работи на преземање чекори кои обезбедуваат силен, независен правосуден систем.

Според процесот на динамка на преземените чекори до крајот на декември Советот за реформи во правосудството ќе ја усвои методологијата по која ќе се изврши филтрацијата на судството и обвинителство, преку која Судскиот совет и Советот на јавни обвинители ќе направи филтрација на своите редови, односно ќе ги одвои чесните од нечесните судии и обвинители.

Колку и да не му се допаѓа на Мицкоски реформи и филтрирање на судството ќе има, следува време на ред, правда и дисциплина за сите.

Последни вести