fbpx

Интересите на граѓаните ни се на прво место, донесен Буџетот на Општина Гази Баба за 2021 година

Facebook
Twitter
LinkedIn

Донесен буџетот на Општина Гази Баба за 2021 година

Изјава: Мартин Ристов
член на Совет на Општина Гази Баба
Почитувани граѓани на општина Гази Баба,
со мнозинство на гласови Советот на општината го донесе буџетот за 2021 година.
Покажавме дека интересите на граѓаните ни се на прво место, а деструктивните однесувања ги оставаме во минатото.
Новиот буџет е развоен и ги решава децениските проблеми на граѓаните во населените места во нашата општина.
Новиот буџет изнесува 1.130.000.000 денари, средства кои општината ќе ги вложи во подобрување на инфраструктурата и поквалитетен живот на граѓаните.
После долги години, фекалната канализација во населените места Трубарево, Гоце Делчев, Попово Маало ќе биде наша реалност, а ќе се инвестира и во продолжување на вакуум канализацијата во Јурумлери.
Обезбедени се 22 милиони денари за изградба на првата фаза од фекалната мрежа во населените места Црешево и Страчинци, како и населените места Економија и Виниче.
Со буџетот за 2021 година се планирани средства и за изградба на дневен центар за деца со посебни потреби, и нова училишна сала во ООУ „Кирил и Методиј“ во Стајковци.
Еден од сериозните капитални проекти кои ќе ги започне општината следнава година е реконструкција на системот за улично осветлување со поставување на ЛЕД светла. Овој голем проект значи годишна заштеда во буџетот на општината од 30% во делот за одржување на системот, но и обезбедува поквалитетно улично осветлување
Дополнително, општината сериозно ќе инвестира во реконструкција на улици, изградба на тротоари, урбани катчина и зелени површини.
Младите ќе добијат нови спортски игралишта со што директно ќе влијаеме кон здрава и напредна младина.
Почитувани, интересот на граѓаните е нашиот врвен приоритет. Заедно продолжуваме понатаму.
Посветени на Гази Баба, придружетени се

Последни вести