Реакција на изјава на Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ
Демантираниот од странски амбасади за ширење лаги и невистини, Александар Николовски никако да ја научи лекцијата.
Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, не престанува да манипулира и да ја дезинформира јавноста.
Кога зборува за опожарениот Т.Ц “Глобал” во Струмица, во којшто се оштетија повеќе микро и мали бизниси, Николовски треба само да се присети како навистина изгледа кога се гради брзо и преку ноќ.
Николовски како силен поддржувач на неговиот шеф од Будимпешта, точно знае како изгледа дивоградба и како се манипулира со документација.
Никаков лист хартија којшто Николовски го држи во раце нема да го направи пуверлив во лагите којшто ги зборува.
Со наводни доверливи информации, Николовски се фалеше и кога зборуваше дека ВМРО ДПМНЕ се заслужни за блокадата на Бугарија од страна на Шешка Чешка и Словачка, за што Николовски беше демнатиран од амбасадорите на овие две држави.
Лагите на Николовски, исто како и лагите на Мицкоски неколкупати се демантирани од релевантни субјекти.
Беа демантирани и од Данска дека наводно го поддржала ветото на Бугарија, а лажните тврдења на Николовски беа демантирани и од Обединетите Нации.
ВМРО фејк њуз ДПМНЕ е извор на лажни вести кои ги шират раководството на партијата на чело со Христијан Мицкоски.
Нивните лаги се препознаени, разобличени и токму затоа уште долго остануваат во опозиција.