fbpx

Во 2021 продолжуваат мерките и политиките што обезбедуваат економски раст и развој и повисок животен стандард за сите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев преку одговорен, инклузивен и транспарентен пристап во 2020 креираше и спроведе сериозни економски мерки што придонесоа за ублажување на економските последици од коронкризата.

Преку четири пакети-економски мерки за поддршка на најпогодените од кризата, во вредност од 1,2 милијарди евра, спасивме десетици илјади работни места, а директно помогнавме на околу 500.000 граѓани.

Благодарение на таквиот пристап, во оваа 2021 година како држава успеавме да влеземе со целосно стабилна финансиска состојба, ликвидна и солвентна.

Оваа 2021 година ќе биде година на целосно економско заздравување, година на економски раст и развој, каде ќе ги искористиме сите економски потенцијали.

Потврда за тоа е и Буџетот за 2021 година кој е развоен и скроен да одговори на сите предизвици и последици од коронакризата.

Годинава продолжуваме да инвестираме во патната и железничката инфраструктура, во енергетиката, гасификацијата, во изградба и реконструкции на градинки, болници, училишта, во сето она што е важно за нашите граѓани, за нашата економија.

Со Буџетот за 2021 година обезбедуваме одржливост, рационализација на трошењата, како и прецизни проекции со цел ефикасно справување со епидемијата.

Како одговорна партија остануваме посветени на креирање и реализација на мерки и полиитки што носат економски раст и повисок животен стандард за сите. Продолжуваме да работиме во интерес на граѓаните, на државата.

Последни вести