fbpx

Повикот за бојкот на пописот е повик за прекршување на законите, продолжува деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски остануваат на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата, но нема да спречат одржување на попис согласно меѓународните стандарди и пракси.

ВМРО-ДПМНЕ како и секогаш кога се носат битни законски решенија за државата и граѓаните се однесува деструктивно, неодговорно и антидржавно.

Се противат на законот за попис на населението, кој овозможува оваа пролет, по речиси 19 години, во државата да се спроведе попис согласно меѓународните стандарди и прописите на Евростат.

Бојкотот и повикувањето за бојкот на пописот од страна на ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Мицкоски значи и повикување на кршење на законите.

Пописот е статистичка операција, а не избори, на пописот не се гласа, нема губитници и затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема потреба да се плашат од одржувањето на пописот.

Попис е потребен за граѓаните, компаниите, институциите, кои конечно ќе имаат на располагање точни и веродостојни податоци, неопходни за планирање, креирање на политики и стратегии.

Последни вести