Институциите силно одговорија за случајот „Јавна соба“, нека му каже некој на Димче Арсовски дека две лица се уапсени

Facebook
Twitter
LinkedIn

Реакција на изјава на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ

Пред да излезе на прес-конференција, Димче Арсовски треба подобро да се информира за реалноста.

Требало некој да му каже дека институциите веднаш реагираа и веќе има две лица приведени од страна на МВР, а се преземаат мерки и активности и кон други лица.

Сите надлежни институции се влезени во трага и постапуваат. Секој ќе сноси одговорност.

Велиме НЕ на насилството од секаков тип и нарушување на приватноста!

Нема толеранција за ниту едно прекршување на законите од страна на кој било поединец или група.

Очигледно е дека во ВМРО-ДПМНЕ веќе не ни следат што навистина се случува во реалноста туку важно им е само да напаѓаат, да шират небулози во очај.

Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, ако не шири лажни вести, тогаш мора да седи на страна и да зборува за нешто врска со реалноста.