fbpx

Пописот обезбедува сигурен и предвидлив развој на државата, секоја политичка партија има обврска да го поддржи овој важен процес

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Пописот на населението што ќе се одржи на пролет ќе обезбеди целосни, точни и релевантни податоци, како се основа за градење на стратегии и политики за натамошен развој на државата, економијата и општеството, за сигурен и предвидлив развој на државата.

По речиси две децении без попис во државата има недостаток од квалитетни статистички податоци не само за вкупниот број на населението, туку и за точниот бројот на жители во секој регион, општина, како и за нивните карактеристики.

Со пописот како независна статистичка операција ќе се соберат релевантни географски, демографски, економски, карактеристики на лицата со посебни потреби, образовни, етничко-културолошки, миграциони, религиозни карактеристики за населението, домаќинствата и граѓаните во државата.

Пописот е во рацете на професионални државни институции, како што е Државниот завод за статистика и ќе се организира според сите меѓународни стандарди, по комбиниран модел, со класично попишување на терен, но и со користење на бази на податоци, кои ги има државата.

Пописот ќе биде безбеден од здравствен аспект, бидејќи државата и во услови на пандемија покажа дека има капацитет на организира сложени операции со масовно учество на граѓаните, со почитување на сите мерки и протоколи за заштита на здравјето.

Секоја политичка партија има обврска пред државата и граѓаните да ги поддржи процесите, државата, институциите да добијат точни податоци за структурата на населението и домаќинствата, демографски податоци за општините и регионите а тоа е возможно само со спроведен попис по сите меѓунардони стандарди.

Последни вести