fbpx

Со стари рециклирани лаги, ВМРО-ДПМНЕ ја потценува јавноста, оваа партија воопшто не се грижи ниту за граѓаните, ниту за здравствените работници

Facebook
Twitter
LinkedIn

Реакција на прес-конференција на Кирил Лазаров од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ пак почна да рециклира лаги стари повеќе од две години со цел да ја потценува јавноста.

Новата стратегија лекари да држат партиски пресови и да шират измислици во јавност во време на пандемија им стана секојдневие, но тоа зборува за оваа партија, на кое дереџе е симнато ВМРО-ДПМНЕ.

Пред некој ден на ВМРО-ДПМНЕ им сметаше што Министерството за здравство и оваа Влада ќе им овозможат на ковид пациентите најсофистицирана терапија на антитела, денеска им смета што здравствениот систем, поточно оперативните блокови во државата ќе имаат можност за заштита од болнички инфекции и унапредување на системот за стерилизација и намалување на ризикот од пост-оперативни инфекции. На ВМРО-ДПМНЕ во умот им е само криминал и пари, 11 години профитираа на грбот на овој народ, затоа мислат дека се уште така се функционира.

Проектот за воспоставување на јавно приватно партнерство за интегрирано менаџирање со иновативни решенија за хируршки зафати ги помина сите законски рокови и фази од 2018 година наваму и сега е во завршна фаза. Државата овде е корисник, а инвестицијата е на приватниот партнер. Преку оваа јавно приватно партнерство, се обезбедува замена на постојната и повеќедецениски дотраена опрема и инструменти со нови, персонализиран комплет стерилни хируршки инструменти за секоја операција, поединечно, стерилен медицински материјал во хируршките сали и дезинфекција на хируршки сали и простории.

Одговорна Влада и одговорен министер за здравство инвестираат во здравствениот систем без разлика дали има пандемија или не. Грижата за здравјето на граѓаните не смее и нема да застане.

Последни вести