fbpx

Телеграма со сочувство на претседателот Заев до семејството Филиповски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Претседателот на СДСМ Зоран Заев испрати телеграма со сочувство до семејството Филиповски по загубата на поранешниот пратеник и министер Илија Филиповски.

,,Во мое лично име и во име на СДСМ изразувам длабоко и искрено сочувство за загубата на нашиот пријател, сопартијец и човек кој и даде многу на македонската држава, на македонската економија, кој даде многу за нашата партија.

Вашето семејство, СДСМ, но и државата загубија значајна и одговорна личност. Илија беше вклучен во градење на економијата но и во градењето на демократските процеси во нашата татковина, што е особено важно.

Нашиот, вашиот Илија, сигуно ќе остане запаметен по неговото дело, одговорноста, чесноста, визионерството и придонесот за неговата земја но и како добар сопруг, родител, пријател, другар. Се надевам дека токму во овие дела на Илија ќе се обидете да најдете утеха за неговата прерана загуба.
Нека почива во мир,

Искрено сочувство” стои во телеграмата на претседателот Зоран Заев.

Последни вести