fbpx

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, наместо оставка на Милошоски, шират неосновани напади

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

На ВМРО-ДПМНЕ му пречи секој напредок на државата, заглавени во режимската матрица, научени на корупција и криминал, на грабање на народните пари.

Затоа сега им пречи што министерот за внатрешните работи Оливер Спасовски се бори против криминалот.

Во блеиот дворец им пречи што стапката на прекршоци во сообраќајот се намалува, што се преземаат силни акции против организираниот криминал, што неселективно се постапува по секое прекршување на законите.

Им пречи што се унапредуваат условите во полицијата, која денес работи професионално и затоа Спасовски е цел на неосновани напади.

ВМРО-ДПМНЕ шири невистини, а граѓаните очекуваат да одговори, дали ќе побараат оставка од Антонијо Милошоски бидејќи, како што е објавено, бил осуден за сторени кривични дела во Германија, за кои е и казнет со парична казна.

Според последните информации објавени во медиумите, поткрепени и со документи еден од основите за казната се однесуваат на „кражба и злоупотреба на мала вредност“ и „придобивки со измама“, согласно германското законодавство.

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, наместо да се позанимаваат со тоа што се случува во нивните редови, лицемерно шират невистини и се обидуваат да ги излажат граѓаните.

Тие не разбираат дека политичарите имаат обврска и одговорност пред граѓаните и затоа Милошоски, најмалку што може да направи, е да се извини и да си поднесе оставка.

Последни вести