Соопштение за јавност
СДСМ поддржува пратеници да бидат лица кои имаат единствено македонско државјанство, но тоа да важи и за пратениците од актуелниот пратенички состав.
Исто така, предлагаме пратеници да не може да бидат лица кои се осудувани за кражби во други држави, како на пример лицето Антонио Милошоски, односно лица кои со своите незаконски дела го нарушуват имиџот на земјата.
Сепак, поважно од сѐ, наместо да чека законски измени, пратеникот Антонио Милошоски, како осудено и казнето лице во Германија за кражба, за кого се водат предмети пред македонските судови треба да си даде оставка.