Соопштение за јавност
Откако преку јавно објавување на информации, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не успеаја да саботираат масовна, сложена полициска акција за разбивање група која незаконски издавала патни исправи, од белиот дворец продолжуваат со пласирање на лажни вести и создавање лажни конструкции.
Очигледно нервозни од тоа што пропадна уште еден нивен обид за одбрана на криминал и криминалци, ВМРО-ДПМНЕ денес се обидува да шири вознемиреност меѓу граѓаните дека наводно ќе сме го изгубеле безвизниот режим.
Институциите, Министерството за внатрешни работи со поддршка од стратешките партнери презедоа силна ефикасна акција за сузбивање на оваа група и ставање крај на вакво незаконско постапување.
Токму тоа му пречи на ВМРО-ДПМНЕ, му пречи што денеска за разлика од нивниот режим, секој одговара пред законите, институциите навремено реагираат во откривање и санкционирање на незаконско постапување, им пречи тоа што нема поединци и групи кои се недостапни за правдата.
ВМРО-ДПМНЕ 11 години ја држеше државата во режим, во криминал и неказнивост, а денес како опозиција работат државата да се врати во темното минато на меѓународна изолација, држава на селективно „Сваровски“ судство.
Тој филм нема да го гледаат. Денес, во Република Северна Македонија законите се еднакви за сите, денес во Република Северна Македонија никој па ни ВМРО-ДПМНЕ, ни Мицкоски можат да одбранат криминал.