fbpx

ВМРО-ДПМНЕ, партијата во чие седиште се пишуваа судски пресуди а МВР беше претворено во нејзин штаб, не може да сфати дека денес институциите постапуваат неселективно

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Црната кампања на ВМРО-ДПМНЕ и обидите за компромитирање на семејство на претседателот Зоран Заев преку ширење лаги и измислици, покажува дека оваа партија не нуди ништо освен лаги, манипулации и конструкции.

Во ВМРО-ДПМНЕ немаат капацитет да сфатат дека во државата владее правда, дека институциите водат бескомпромисна, неселективна борба против корупција и криминал на сите нивоа.

За разлика од времето на режимот кога од белиот дворец се нарачуваа и пишуваа судски пресуди кон неистомисленици, додека лица од врвот на ВМРО-ДПМНЕ непречено тераа криминални зделки, за разлика од времето кога Министерството за внатрешни работи беше претворено во кол-центар на ВМРО-ДПМНЕ, денес институциите работат професионално, независно и постапуваат неселективно кон секое прекршување на законите.

Токму тоа е несфатливо за Христијан Мицкоски и за неговите соработници во белиот дворец, токму тоа е причината за нервозата во врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

Точно е, ниту од Зоран Заев ниту од кој било поединец зависи дали некој ќе одговара. Не е ова времето кога Груевски и Мијалков беа и обвинители и судии и поротници. За тоа постојат институции, полиција, обвинителства и судови кои преку докази, низ отворени законски постапки утврдуваат вина и санкционираат.

Денес секој кој сторил какво било кривично дело одговара пред судовите, денес нема недопирливи поединци, законите важат за сите подеднакво, толку и тоа да е несфатливо за ВМРО-ДПМНЕ партијата заглавена во режимската матрица и на браникот на криминалот.

Последни вести