fbpx

КОНКУРС: Школа за женски активизам – VII генерација

Facebook
Twitter
LinkedIn

КОНКУРС

Школа за женски активизам – VII генерација

Форумот на жени на СДСМ веќе шест години успешно спроведува политичко образование на членките на СДСМ. Школата за женски активизам ќе им овозможи на учесничките теоретско знаење и практичен тренинг во насока на подобро разбирање на родовите аспекти, но и ќе го продлабочи нивното знаење за конкретни родови прашања кои се однесуваат на учеството на жената во политиката. Преку активностите на Школата за женски активизам, учесничките ќе се сензибилизираат за теми од областа на родовата еднаквост и родовата интеграција, родовото насилство и дискриминација, зајакнувањето на жената, родово анализирање и буџетирање, како и низа други прашања кои директно се однесуваат на родовата димензија. Овие цели ќе се реализираат во рамките на пет циклуси на дводневни викенд-семинари во периодот од мај до декември 2021 година.

 

Услови за учество:

Право да конкурира за учество на Школата за женски активизам има:

  1. Секоја членка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија,
  2. Да ги застапува социјалдемократските вредности,
  3. Сака да биде активна во општествениот и политичкиот живот во Северна Македонија,
  4. Да поседува комуникациски и презентациски вештини.

 

Потребни документи за учество:

  1. Биографија (CV) со наведени контакт-податоци
  2. Писмо за мотивација

 

Селекција на кандидатки

Селекцијата ќе се одвива во две фази. Во првата фаза кандидатките ќе бидат селектирани врз основа на личните постигнувања (вклучувајќи го академското образование, неформалното образование и политичкото искуство) наведени во биографијата и писмото за мотивација. 

Кандидатките кои ќе се квалификуваат ќе бидат известени и повикани на усно интервју.

За одржување на усното интервју, квалификуваните кандидатки ќе бидат дополнително информирани, имајќи ја предвид ситуацијата со ковид-19, а во согласност со препораките и мерките на надлежните власти. 

Избраните учеснички на Школата за женски активизам ќе бидат известени.

Непотполни документи нема да се разгледуваат!

 

Поднесување на документите

Документите треба да се поднесат најдоцна до 30 април 2021 година на е-маил: forumzeni@sdsm.org.mk или по пошта на адреса: СДСМ, ул. „Павел Шатев“ бр.8 (со назнака за Форум на жени на СДСМ).

Последни вести