Социјалдемократската младина на Македонија заедно со социјалдемократските младински организации од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Србија испратија заедничка изјава за ситуацијата на Западен Балкан каде се осудува идејата за исцртување на нови граници во регионот на Западен Балкан.
Во изјавата социјалдемократските младински организации потенцираат дека најдобрата иднина за земјите од Западниот Балкан е интеграцијата на Западниот Балкан во ЕУ.
Во прилог интегралниот текст на изјавата:
Изјава на социјалдемократските младински организации
за ситуацијата на Западниот Балкан
Социјалдемократските младински организации од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Северна Македонија, Словенија и Србија сакаат да испратат заедничка изјава за невалидноста на националистичките тенденции за менување на границите во регионот.
Идејата за промена на границите може само да се припише на тесноумните десничарски лидери кои не ја претставуваат позицијата на повеќето млади луѓе на Балканот, кои сакаат подобра и попросперитетна иднина за ЕУ. Групата социјалдемократски младински организации верува дека најдобрата иднина за земјите од Западниот Балкан е интеграцијата на Западниот Балкан во ЕУ, за да се добие можност за побезбеден, просперитетен и економски постабилен живот без рестрикциите наложени од живеењето на другата страна на границите на ЕУ.
Сметаме дека покренувањето на темата за исцртување на нови граници како параван да го прикријат своето лошо раководење е целосно неодговорно, особено во овие тешки времиња предизвикани од КОВИД-19 пандемијата.
Единствената промена на границите што е пожелна да се бара во овој регион е проширувањето на ЕУ кон сите земји од Западниот Балкан. Ние ја отфрламе десничарската реторика за поделба, која никогаш не донела, ниту може да донесе каков било видлив напредок за младите луѓе. Истовремено ни е мило што левичарските политички партии низ ЕУ изразуваат цврста посветеност за неприкосновеноста на границите на Западниот Балкан.
Групата бара фокусот да се стави на подобрување на ситуацијата на младите луѓе на Западниот Балкан како и посилен и порешителен фокус кон новата иднина на регионот на Западен Балкан во рамките на Европската Унија.
– Младински Форум на Социјалдемократи Босна и Херцеговина
– Социјалдемократска Младина на Црна Гора
– Хрватска Социјалдемократска Младина
– Социјалдемократска Младина на Македонија
– Младински Форум на Социјалдемократи Словенија
– Демократска младина Србија