Соопштение за јавност
Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев континуирано спроведуваат економски мерки и политики што обезбедуваат стабилизација на економијата и враќање на претходните стапки на раст.
Во тек е шестиот пакет мерки за справување со последиците од пандемијата што значи грижа и помош за работниците и стопанството, во вредност од 17, 8 милиони евра, со кој ќе се поддржат 10.000 компании кои вработуваат околу 60.000 граѓани.
Околу 6.000 угостители добиваат финансиска поддршка вредна 9,9 милиони евра. На сите угостители ќе им бидат покриени 30% од приходите, а овој износ ќе се пресметува како просек од просечниот месечен приход во 2019 и 2020 година.
Сите регистрирани угостителски објекти ќе добијат 15.200 денари финансиска поддршка по вработен заклучно со 6 април 2021 година.
Со 2,5 милиони евра, според истите критериуми, ќе се поддржат 1200 ресторани за свадби, компании за организирање настани, игротеки, ноќни клубови, приватни детски одморалишта, фитнес центри, фотографи и фотографски студија.
Македонската економија денес се карактеризира со високо ниво на конкурентност по успешното надминување на првичките шокови на пандемијата. Силна потврда за тоа е токму новата инвестиција на Дрекслермајер во вредност од 16 милиони евра и отворање на нови 1.000 работни места во Кавадарци и Куманово, што е доказ дека деловната клима во државата е поволна за нови инвестиции.
Од септември 2020 година до денес, ова е петти договор кој се потпишува за нова инвестиција на странска компанија во Република Северна Македонија.
И во време на пандемија се забележува континуиран раст на просечната плата. Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека просечната плата за месец февруари е за 2,7 отсто повисока споредено со февруари лани и истата изнесува 27.948 денари.
СДСМ како одговорна партија продолжува со спроведување и реализација на мерки што ја раздвижуваат економијата и обезбедуваат поддршка за работниците и стопанството.