Изјава за медиуми, Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата
Изјава: Денеска според протоколот и програмата за вакцинирање на населението, покана добивме сите пратеници од сите пратенички групи да се јавиме во определено време во текот на денешниов ден за да го завршиме процесот на вакцинација на пратениците. Знаете дека пред десетина дена заврши процесот на вакцинација на собраниските служби, денеска по покана на здравствените власти како пратеници се појавивме, другите во текот на денот ќе се појават.
Можам да кажам дека процесот на вакцинација се одвива одлично, гледам одлична организација. Од она што го имам како информација, здравствените власти вакцините дополнително како што доаѓаат и како што се набавуваат количините така ќе бидат повикани граѓаните. Сакам да ја искористам приликата, сите граѓани да се појават во времето во кое ќе бидат повикани за што поуспешно и подобро го завршиме овој процес во интерес на здравјето на сите граѓани на нашата земја.
Прашање1: Дали по она во неделата и оние поделби неколку месеци, дали ќе биде ова вакцинација на помирување повеќе да не гледаме дека не може да се присуствува, дека се откажуваат седници?
Одговор1: Оваа вакцина според информациите коишто ги имам се однесува за друго, но се надевам дека ќе помогне и во тој процес за да излеземе заедно од кризата којашто се случува во Собранието со единствена цел да работиме во интерес на граѓаните и на оние којшто не избрале.
Прашање2: Какво е расположението меѓу пратениците од владејачкото мнозинство за да ја примат вакцината со оглед на тоа што господинот Талат Џафери рече дека сите се ставени на список, од вашата партија колку има заинтересирани?
Одговор2: Од нашата пратеничка група сите пратеници денеска се тука присутни, прават консултации и со лекарите и со сите здравствени работници кој се тука во смисла на тоа кои се тие коишто го прележале вирусот дали треба да примат денес вакцина или треба да одложат за следен период со оглед на тоа што не знам како ги кажуваат стручно имаат одреден број на антитела . Од информациите што ги имам од другите пратенички групи дека ќе се појават сите пратеници со истите консултации, знам дека и другите пратенички групи ќе се појават исто така во текот на денот и ќе го завршат процесот на вакцинација или ќе го почнат со оглед на тоа што треба да има и втора вакцина во следниот период.