fbpx

На 27 април беа нападнати Собранието и уставниот поредок, Мицкоски со ситe сили го брани крвавиот печат на ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

На 27 април вооружени насилници посегнаа по животите на пратеници, на новинари, посегнаа по уставниот поредок, по демократијата и волјата на граѓаните, а државата ја днесоа на раб на граѓанска војна.

Тие насилници не се и никогаш нема да бидат уставобранители како што лицемерно ги нарекува бранителот на криминалот и потрчкото на Никола Груевски, Христијан Мицкоски.

27 април е крвавиот печат на ВМРО-ДПМНЕ, а обидите за одбрана на насилниците, докажуваат дека оваа партија и Мицкоски не се поместиле ниту педа од насилничката и режимска матрица на Груевски.

На 27 април 2017 не успеаја обидите државата да се дестабилизира.

На 27 април 2017 победи храброста, одличноста да се случат демократските промени, државата да се врати на вистинскиот пат.

Четири години подоцна од крвавиот четврток, од држава на раб на граѓанска војна, денес сме држава членка на НАТО со трајно обезбедена сигурност.

Од држава каде човековите права и слободи беа системски погазувани денеска сме држава каде демократијата и слободата секојдневно се унапредуваат.

Како одговорна, државотворна партија, нема да дозволиме никогаш да се заборави 27 април, заедно со граѓаните нема да дозволиме никогаш да се повтори ваков срамен настан во македонската демократија.

Последни вести