fbpx

Генералниот секретар Николовски: Нека е честит Рамазан Бајрам, да продолжиме по заедничкиот пат што обединува

Facebook
Twitter
LinkedIn

Видео обраќање на генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски

Почитувани граѓани, почитувани верници од исламска вероисповед,

Ви го честитам големиот муслимански празник Рамазан Бајрам.

Нека е честит и благословен празникот и нека донесе радост, среќа и спокој во вашето семејство, во вашиот дом, во вашите срца.

Во духот на празникот да ја шириме добрината, човечноста, меѓусебната почит и добрата мисла.

Да се потсетуваме на милоста и прошката која треба да ја имаме за себе, за блиските, за пријателите,

Токму тоа се вредностите кои не обединуваат и за кои се залагаме. Да го продолжиме заедничкиот пат, преку негување и унапредување на концептот едно општество за сите, концепт кој не обединува и кој води напред.

Ви посакувам добро здравје, благодет, радост и среќа.

Честит Рамазански Бајрам!

 

Последни вести