fbpx

Денешните протести зад кои стои ВМРО-ДПМНЕ се протести за да се заштитат нечии бизнис интереси и милионски договори

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на прес-конференција на Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски продолжува со деструктивното дејствување против реформите во образованието, на штета на граѓаните.

На ВМРО-ДПМНЕ не и е грижа ниту за учениците, ниту за образованиот систем, битни и се само партиските и бизнис интереси.

Партијата предводена од Мицкоски организира протести и се обидува да ги манипулира родителите и учениците за да ги заштити милионските ексклузивни договори со одредена група издавачи.

Лага е дека учениците ќе останеле без учебници. Со новото законско решение ќе има нови, современи и достапни учебници, а дигитализирањето на дидактичките материјали ќе значи само унапредување на наставата и осовремнување на начинот на учење овозможувајќи им на новите генерации квалитетно образование.

Она што ќе го нема, а што навистина и пречи на опозициската партија, се милионските тендери за печатење на учебници од кои дебело со години се офајдуваше ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ е против секоја реформа, против сé што е во интерес на граѓаните и на државата.

Таквото деструктивно однесување е причината поради која оваа партија континуирано ниже порази на изборите и уште долго време ќе остане во опозиција.

 

 

Последни вести