Соопштение за јавност
Исто како и ВМРО-ДПМНЕ така и нивните инсталации лажно претставувајќи се како граѓански иницијативи, стануваат избор на лажни вести.
Делегацијата на ЕУ во Скопје денеска демантираше лажна вест дека наводно претставник на иницијативата ги посетил Делегацијата на ЕУ и УНИЦЕФ.
Нема крај на деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ против дигитализацијата на образованието, против образовните реформи.
Откако им се случи фијаско на протестите, откако им пропадна иницијативата за собирање потписи за референдум, денеска ВМРО-ДПМНЕ преку своите инсталации шири лажни вести.
Ништо ново од партијата која нуди само лаги и деструкција и која редовно е поразувана од граѓаните на избори.