fbpx

Лазаревска за Утрински брифинг: Со законски измени ќе обезбедиме социјална и економска сигурност

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Пратеничката на СДСМ, Жаклина Лазаревска утрово гостуваше во емисијата „Утрински брифинг“ каде разговараше на повеќе актуелни прашања поврзани со работата на Собранието и носењето на важни закони за граѓаните.

Осврнувајќи се на прашањето за измените на Законот за наставници и стручни соработници, Лазаревска посочи дека со овој Закон се решава статусот на околу 4.700 наставници и стручни соработници во основното и средното образование кои во моментот се ангажирани на определено време.

„Со овој закон обезбедуваме правна и економска сигурност за околу 4.700 наставници и стручни соработници во основното и средното образование, односно ги ослободуваме од притисокот кој го доживуваат секоја година околу тоа дали договорите на определено ќе им бидат продолжени, дали ќе имаат работа по истек на договорот и слично. Ние предлагаме закон со кој секој кој ги исполнува условите да биде примен на работа со договор на неопределено време, со тоа целосно ќе го исклучиме и политичкото влијание околу вработувањата во образованието“ посочи Лазаревска.

Пратеничката на СДСМ додаде дека нејзините колеги од ВМРО-ДПМНЕ во собраниската комисија го кочат ова предлог решение со што дејствуваат на штета на наставниците, учениците и нивните родители.

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ членови на Комисијата за образование, наука и спорт со бескрајни процедурални излагање, воопшто не дозволуваат ниту да започне расправата по овој закон. Со тоа тие повторно се ставаат на спротивната страна од интересите на наставниците, се противат на нивниот кариерен и професионален развој, против нивна социјална и економска сигурност“, заклучи Лазаревска.

Последни вести