ОТВОРЕН ПОВИК
За пријавување на кандидати за претседатели и членови на секретаријати на постојани работни тела – Комисии на СДСМ
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги повикува сите заинтересирани лица да поднесат кандидатури за претседатели или членови на секретаријатите на некое од постојаните работни тела – Комисии на СДСМ. Се огласуваат места за следните постојани работни тела – Комисии на СДСМ:
- Комисија за одбрана;
- Комисија за внатрешни работи;
- Комисија за правда;
- Комисија за финансии;
- Комисија за економија;
- Комисија за надворешни работи;
- Комисија за европски прашања;
- Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство;
- Комисија за здравство;
- Комисија за образование и наука;
- Комисија за труд и социјална политика;
- Комисија за локална самоуправа;
- Комисија за култура;
- Комисија за енергетика;
- Комисија за транспорт и врски;
- Комисија за животна средина и просторно планирање;
- Комисија за информатичко општество и администрација;
- Комисијата за спроведување на политиките едно општество за сите граѓани, и
- Комисија за спорт.
Претседателите на Комисиите ги назначува Извршниот одбор на СДСМ на предлог на Претседателот на СДСМ, а членовите на Секретаријатите на Комисиите ги назначува Извршниот одбор на СДСМ на предлог на Претседателот на Комисијата.
Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните критериуми:
- Да бидат исклучително стручни, компетентни и посветени во својата област на делување;
- Да уживаат висок кредибилитет и доверба;
- Постојано да даваат придонес во остварувањето и развојот на политиките, стандардите и квалиетот на работата и делувањето на СДСМ;
- Со својот ангажман да придонесат кон создавање на дополнителна вредност во севкупното работење и позиција на СДСМ;
- Да ги спроведуваат одлуките, актите и протоколите на СДСМ, вклучително и особено сите кои се однесуваат на системот на комисиите;
- Целосно да ги спроведуваат упатствата и инструкциите кои ќе бидат испорачувани од системот на комисии на партијата;
- Да поседуваат силно изразени комуникациски и организациски способности;
- Во целост да учествуваат и да ги исполнуваат обврските за соодветен ангажман во останатите партиски, кампањи и конкретни задачи од партијата во целина;
- Да имаат изразена способност за работа во тим;
- Да го прифатат и во целост да ги почитуваат и применуваат нормите и правилата на Кодексот за однесување на членовите на СДСМ на СДСМ и
- Да ги спроведуваат обврските и надлежностите кои се предвидени со посебен правилник донесен од ИО на ЦО на СДСМ, а кои се однесуваат на соодветна позиција во комисијата на СДСМ.
Исто лице може да конкурира и да биде кандидат за Претседател на Комисија и член на Секретаријатот на Комисијата и ако биде избрано од листата за претседател на комисија, кандидатурата за член на секретаријатот на таа комисија нема да биде земена во предвид.
Претседателот и членовите на секретаријатот на комисијата, согласно член 33 став 1 алинеа 5 и 6 се назначуваат со мандат од четири години, со право за повторен избор.
Рок за поднесување на пријавите на отворениот повик е 15 дена од денот на објавувањето на повикот на интернет страницата на СДСМ и барем во едно јавно гласило во РСМ.
Пријавата на отворениот повик, своерачно потпишана, содржи:
- име и презиме на кандидатот,
- дата и место на раѓање,
- адреса на живеење и број на телефон,
- е-маил адреса
- конкурира за место: Претседател на Комисија, член на Секретаријатот на Комисијата или се конкурира за двете места.
Заинтересираните кандидати за членови на секрeтаријатите на соодветните комисии треба да достават биографија, додека кандидатите за претседатели на Комисии треба да достават биографија и план за работа најдоцна до 11.06.2021 година до Претседателот на СДСМ, во седиштето на Партијата на ул. „Бихаќка“ бр.8 Скопје.