fbpx

Отворен повик за самокандидирање на Претседатели на Општинските организации на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во Велес и Охрид

Facebook
Twitter
LinkedIn

О Т В О Р Е Н    П О В И К

за самокандидирање на Претседатели на Општинските организации на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во Велес и Охрид

 

Социјалдемокатскиот сојуз на Македонија работи за исполнување на програмите и ветеното пред граѓаните. Се со цел зголемена ефикасност и мобилност се започнува со постапка за избор на претседатели  во општинските организации на Социјалдемокатскиот сојуз на Македонија во Велес и Охрид

За таа цел ги повикуваме сите заинтересирани чесни и угледни индивидуи членови на Социјалдемокатскиот сојуз на Македонија кои ги споделуваат социјалдемократските вредности и ги делат социјалдемократските идеали, да се самокандидираат како кандидати за претседател на општинска организација на Социјалдемокатскиот сојуз на Македонија во наведените општини.

          Со доставената кандидатура за претседател на општинска организација на СДСМ, кандидатот/кандидатите во хартиена форма задолжително доставуваат:

– Биографија/CV;

– Мотивационо писмо/писмо за намера;

– Детална програма за работа со предлог идеи и проекти за општинската организација;

– Потпишана Изјава за постапување и почитување на Етичкиот кодекс на СДСМ; 

Заинтересираните кандидати своите кандидатури (со целосна прилог документација во хартија, во затворен плик со назнака кандидатура за претседател на општинската организација __________ (назив на ОО) е потребно да ги достават најдоцна до 12.06.2021 година (до 16 часот), до Претседателот на Социјалдемокатскиот сојуз на Македонија,  во седиштето на СДСМ на ул. Бихаќка број 8 Скопје.

 

Утврдени критериуми од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија за поднесување на кандидатури за претседател на општинската организација лицата потребно е да ги исполнуваат следните услови:

 

  • Да бидат полнолетни, односно да имаат наполнети 18 години старост;
  • Да имаат деловна способност;
  • Да бидат членови на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија во моментот на поднесување на кандидатурата;
  • Во целост да ги почитуваат позитивните законски прописи на РСМ и да не се води судска постапка за било какви дејствија спротивни на закон;
  • Да уживаат висок углед и кредибилитет во локалната заедница и регионот на живеење;
  •  Да ја има подршката од сите етнички заедници, во својата локална средина, од граѓаните и населението да бидат прифатени како совесни и исполнителни  личности кои се вбројуваат помеѓу оние со највисок јавен и професионален углед;
  • Почитување, вреднување на принципите и вредностите едно општество за сите граѓани;
  • Да поседува дополнителни вредности и капацитет за мобилизирање на граѓани;
  • Во целост да ги почитуваат начелата и принципите на кои се темели Социјалдемократскиот сојуз на Македонија;
  • Целосно да го почитуваат Статутот на СДСМ;
  • Да потпишат изјава за прифаќање и почитување на Етичкиот кодекс на СДСМ и истиот во целост да го почитуваат;
  • Да имаат јасна визија за идниот развој и делување на СДСМ на локално ниво да поседуваат силни политички и организациски способности да бидат подготвени за воведување на современи методи и технологии за работа да поседуваат вештини за јавен настап.

Дополнителни информации и потребните обрасци за комплетирање на документацијата (Изјава за постапување и почитување на Етичкиот кодекс на СДСМ,) се објавени на веб страната на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија   www.sdsm.org.mk. 

 

Изјава за почитување и придржувањекон Кодексот за однесување на членовите и функционерите на СДСМ

Стандардизиран формулар за биографија на кандидати за Претседатели на Општински организации на СДСМ

Последни вести