Соопштение за јавност
Ние младите најдобро знаеме што е она што недостасува, а што треба да се коригира за да општеството во кое живееме биде по иста мерка како во државите каде многу од нас го бараат својот егзистенционален продолжеток.
Само со критика и предлог ќе дојдеме до вистинските решенија кои ќе ни помогнат во тоа. Затоа од екстремна важност е, да секој еден од нас го даде својот придонес во составувањето на програмата за локалните избори, каде ќе се понудат решенија за сите проблеми со кои се соочуваме. Нашиот глас е битен и се слуша, истакна во своето обраќање претседателот Марко Михаилоски.
Ние можеме и мораме, заради самите нас и заради државата во која живееме. Веќе еднаш докажавме дека нашите заложби не се залудни. Законот за млади е наш заеднички успех и сигурен сум дека уште поголеми допрва ќе оствариме, продолжи Михаилоски.
СДММ со својот караван „Млади локално заедно“ покажува дека верува и дава шанса на секој млад човек кој сака и може да допринесе во подробрувањето на животот во нашата земја.
Охрабрувачки е фактот што зад овие заложби и политики на младината, стои моментално најголемата партија на власт, СДСМ, која со измените на Статутот им овозможи на младите 30% учество во највисоките органи од својата структура.