Соопштение за јавност
Имаме инвестиции, насекаде, но имаме и една во последните неколку месеци и една инвестиција која се случува близу Собранието, тоа е инвестиција во гуртни, во блокови, во кочници, на нив стои амблемот на ВМРО-ДПМНЕ и ликот на Христијан Мицкоски , а на амбалажата пишува „Најголеми кочници на светот“ порача претседателот Зоран Заев на трибината во Дебар, надоврзувајќи се на обраќањето на пратеничката на СДСМ Белкиса Зеќири која ги наведе блокадите што ВМРО-ДПМНЕ се обидува да и ги направи на државата.
„Но и тие кочници ќе ги разбиеме, затоа што сме паметни и искрени во намерите. Не може да ги закочат процесите за единствениот Клинички центар во државата, да ги закочат новите инвестции на американскиот „Бектел“ кој треба да ги изгради останатите делници од автопатите во државата, од Тетово до Гостивар, од Гостивар до Кичево и автопатско решение Струга – Ќафасан. Се обидуваат да ги закочат сите проекти, но нема да им дозволиме, затоа се што правиме е во интерес на граѓаните. Клиничкиот центар сигурно ќе биде под 500 милиони евра, прашање е дали ќе го изградиме или не. Им понудивме иако се опозиција да имаат мнозинство во управувањето на градбата на центарот и до ден денес тие ја блокираат изградбата“ порача претседателот Заев, повикувајќи го министерот за здравство да не се откажува од овој проект затоа што коронакризата покажа колку се важни инвестициите во јавното здравство.