fbpx

Тасевска на трибината „Најдоброто за нашата општина“: СДСМ во сите сфери го подобрува животот на граѓаните, а нашите политички опоненти шират лаги и блокираат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ останува и продолжува да биде најголем партнер и најдобриот избор на граѓаните, порача пратеничката од СДСМ Лидија Тасевска на трибината на СДСМ под мотото „Најдоброто за нашата општина“ во Куманово.

Таа истакна граѓаните сакаат европска иднина, просперитет, подобар квалитет на животот и тому затоа СДСМ е фаворит на претстојните локални избори.

Кога во 2017 година ја презедовме власта на централно ниво, државата беше меѓународно изолирана, опустошена, институциите потонати во долгови, рече Тасевска, нагласувајќи дека четири години подоцна сме членка на најмоќниот воено-политички сојуз-НАТО, минимална плата е поголема за 60%, просечна плата е блиску до 500 евра.

Работевме посветено, трпеливо и траснспарентно за овие четири години. Ги зголемивме платите на здравствените работници, но и на вработените во полицијата, армијата,во градинките, во училиштата, ја зголемивме социјалната помош за рекордни 300 проценти, воведовме социјална пензија за нашите повозрасни сограѓани, истакна Тасевска.

Таа подвлече дека додека СДСМ во сите сфери на општественото живеење го подобрува животот на нашите сограѓани, ВМРО-ДПМНЕ шират лаги-доказ за нивната слабост и немоќ, во законодавниот дом ги блокираат и кочат сите важни законски решенија, блокираат изградба на нов Клинички центар, редовното вработување на 4.700 наставници.

ВМРО-ДПМНЕ кочат и да блокираат се’ што е во интерес на граѓаните, ништо повеќе, затоа и треба да останат таму каде што се, во опозиција, порача пратеничката од СДСМ Лидија Тасевска на трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Куманово.

Последни вести