fbpx

СДСМ ја потврди грижата за заштита на нашите природни богатства – Шар Планина стана национален парк

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ во континуитет реализира политики за заштита на природата и специфичниот биодиверзитет, за зачувување на уникатните природни вредности.

Го донесовме Законот во Собранието со кој дел од Шар Планина станува национален парк, како предел со исклучителна природна убавина, пејзажни и културни вредности, хидролошки карактеристики, дом на две третини од сите растителни видови во Северна Македонија.

Прогласувањето на Шар Планина за заштитена област овозможува воспоставување на систем на одржливо управување, но и отворање на нови можности за развој на локалната економија.

За првпат по осамостојувањето нашата држава добива четврти национален парк.

Со ова вкупната површина на заштитени подрачја на национално ниво изнесува над 13 отсто од територијата на државата.

Како одговорна партија, како одговорна Влада остануваме целосно посветени на заштита на животната средина преку имплементација на корисни мерки и политики на краток, долг и среден рок.

Ги чуваме шумите за идните генерации, продолжуваме посветено и бескомпромисно да се бориме за заштита и унапредување на животната средина, за заштита на нашите природни богатства.

Последни вести