Соопштение за јавност
Македонскиот јазик и македонскиот идентитет се меѓународно потврдени и признаени и нема потреба од било каква расправа за тие прашања особено не во македонското собрание.
Христијан Мицкоски до толку е изгубен во своите блокади што бара Собранието да разговара дали сме Македонци кои зборуваат македонски јазик и имаат македонски идентитет и посебност.
Цела Европа, целиот свет знае кои се нашите идентитески позиции но очигледно само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се сигурни во тоа.
Очигледно е дека се што прави Христијан Мицкоски е против државните и национални интереси, и во состојба е да измисли се само за да ги блокира тековните мерки и политики што носат придобивки за граѓаните и државата.
Затоа е таму каде што е, сам и изолиран во опозиција, каде и долго ќе остане, затоа што граѓаните јасно кажаа дека се против деструктивни политичари кои сакаат државата да ја вратат назад во изолација.