fbpx

Филипче од трибината „Најдоброто за нашата општина” во Охрид: Патриотизам е силно здравство, силно правосудство, силно образование, силна економија, идентитетот и јазикот ниту се ниту ќе бидат предмет на преговори

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Сега сме соочени со еден голем предизвик а тоа е масовната вакцинација, апелирам сите да се вакцинирате, потребна ние е здрава нација, здрави граѓани, потребно ни е здравството да може да се занимава со други работи, освен со пандемијата, истакна во Охрид на трибината на СДСМ под мотото „Најдоброто за нашата општина“, потпретседателот на СДСМ Венко Филипче.

Тој нагласи дека ни се потребни инвестиции во туризам, земјоделство, ИТ систем, во градење на силна економија, која може да ја издржи секоја криза.

Така ќе продолжиме по патот на осовременува на нашата држава, за младите тука да ја гледаат својата иднина, нагласи Филипче.

Одговарајќи на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за наводни предавства, филипче порача: Патриотизам е силно здравство, силно правосудство, силно образование, силна економија, а нашиот јазик и нашата историја не се на продажба.

Последни вести