fbpx

Николовски на трибината во Охрид: Растот на платите, правдата, инвестициите во инфраструктурата, сработеното се потврда дека СДСМ е најдоброто

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во овие четири години не успеавме само да станеме членка на НАТО, туку успеавме и да го реализираме ветеното пред граѓаните, над 7.000 проекти реализиравме во општините во овој четиригодишен период, порача генералниот секретар Љупчо Николовски на вечерашната трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Охрид.

– Меѓу првите одлуки на Владата, беше раздолжувањето на општините со 50 милиони евра. Го реализираме и концептот парите назад кај граѓаните, за две години од проектот Мој ДДВ, вративме 36 милиони евра назад кај 400.000 граѓани и покрај тоа што опозицијата велеше дека овој проект не е можен. Минималната плата ја затекнавме некаде под 9.000 денари, а сега таа е 15.200 денари, 6.000 денари зголемување на минималната плата, а наше ветување е дека до крајот на мандатот таа ќе изнесува 18.000 денари. Просечната плата ја затекнавме на 23.000 денари и за овие четири години имаме раст на просечната плата од 6.000 денари, а во претходните години, од 2011 до 2017 година, во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ раст од само 2.000 денари, порача генералниот секретар.

Николовски порача дека има огромна разлика, огромен напредок во овие четири години во сите сектори.

– За 11 години ВМРО-ДПМНЕ реконструираше или изгради 600 километри патишта, ние за четири години имаме реконструирано, изградено над 1.000 километри патишта низ државата. За 11 години се изградија 45 градинки, а за четири години со СДСМ се изградија 59 градинки, а до крајот на годината во употреба ќе бидат пуштени уште 13 нови градинки, посочи Николовски, додавајќи дека е ова е само дел од податоците што потврдуваат дека СДСМ го има најдоброто за државата.

Последни вести