fbpx

Преспа форум дијалогот ја потврди силната меѓународна поддршка, продолжуваме со интеграција кон ЕУ со заштитен македонски идентитет

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Преспа форум дијалогот што се одржа во Охрид е историски важен настан кој носи зајакнување и дополнителна афирмација на нашите меѓународни позиции.

Нашата држава како никогаш досега сведочеше на силна поддршка од нашите сојузници од западниот свет.

Сите наши најважни меѓународни сојузници, во срцето на словенската писменост – Охрид, потврдија дека македонскиот идентитет и јазик се прашање кое е затворено и кое не може да биде услов за напредокот кон ЕУ.

На целиот свет јасна му е нашата цврста определба да не се задира во македонскиот идентитет и јазик во изнаоѓањето решенија за продолжување на патот кон ЕУ.

Ставовите на СДСМ, на Владата се јасни и повеќе пати повторени како дома така и надвор –интеграција во ЕУ само како Македонци, со потврден македонски јазик и идентитет.

Како одговорна, државотворна партија продолжуваме посветено да работиме на интеграцијата, да ги унапредуваме односите со меѓународните сојузници, а европските стандарди и вредности да ги носиме дома.

Последни вести