fbpx

Рабаџиевска на трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Ресен: Работиме посветено, трпеливо и транспарентно, го реализираме концептот “Парите назад кај граѓаните”

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Пратеничката на СДСМ Бети Рабаџиевска на граѓанската трибина под мотото „Најдоброто за нашата општина“ во Ресен се осврна на сработеното во изминатите четири години и нагласи дека СДСМ е партија која работи партнерски со граѓаните и за граѓаните и затоа во својата програма за локалните избори ќе го имплементира и реализра најдоброто за граѓаните.

Изминативе години работевме посветено, трпеливо и транспарентно, го реализиравме концептот “Парите назад кај граѓаните”, истакна Рабаџиевска, додавајќи дека за 2 години преку Мој ДДВ вративме 36 милиони евра назад кај 400 000 граѓани.

Таа нагласи дека минималната плата е покачена од под 9 000 денари, на 15 200 денари, просечната плата за само 4 години ја зголемивме за 6 000 денари, покачени се платите во сите сектори, во здравство, во обрзаование, полиција, во армијата, социјалната помош е зголемена за 300%, обесштетени се 12.000 стечајни работници, со измените на Законот за работни односи се овозможува пензионирање со возраст од 64 години и со 15 години стаж, а останува можноста за жените да одат во пензија со навршени 62 години возраст.

Во последниве година и половина, изгласавме 6 пакети мерки кои Владата предводена од СДСМ ги креираше за спас на работните места, за враќање на парите кај граѓаните во вкупна вредност од 1,6 милијарди евра, за полесно да ја поминат кризата, рече Рабаџиевска, додавајќи дека со максимална ангажираност на сите здравствени работници успеавме да одговориме на сите предизвици, а овај период ни останува борбата да успееме да вакцинираме што повисок процент граѓани, бидејќи вакцинацијата е единствен начин да ја победиме пандемијата.

СДСМ покажа грижа и за нашето богато културно наследство, рече Рабаџиевска додавајќи дека за прв пат по речиси три децении се започнати конзерваторско-реставраторските интервенции на нашиот црковен бисер и споменик на културата,традицијата и македонското средновековно сликарство-црквата Св. Ѓорѓи од Курбиново од 12-тиот век.

Така работи одговорна власт, власт која е сервис на граѓаните, наспроти неодговорната опозиција која на секој можен начин се обидува да ги кочи законите, да го одолвлекува носењето на мерките, да ги блокира сите процеси кои значат плати за граѓаните, поголеми приходи и спас на економијата, затоа СДСМ е убедлив фаворит на претстојните избори, далеку пред другите политички опоненти, порача пратеничката на СДСМ Бети Рабаџиевска на трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Ресен.

Последни вести