fbpx

Бачовски на трибината „Најдоброто за нашата општина“: Субвенционирањето на јаболкови насади за само 4 години е покачено за над 50 отсто

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во изминатиот период работевме на благосостојбата на сите земјоделци, а најголемата придобивка е што ги тргнавме канџите на политиката од земјоделството, нема повеќе наши и ваши земјоделци, ставивме крај на една деценија во која селективно се делеа субвенции, грантови и државна помош, денес имаме тотално неселективен пристап во кој важни се сите земјоделци, од сите вери и нации, од сите региони.

Ова на граѓанската трибина под мотото „Најдоброто за нашата општина“ во Ресен го истакна членот на ИО на СДСМ Никица Бачовски, додавајќи дека Ресенчани најдобро знаат како е да се биде силен поддржувач на земјоделството.

Субвенционирањето на јаболкови насади за само 4 години е покачено за над 50 отсто односно од 33.000 денари на 50.000 денари, а секогаш кога пазарните услови не беа најсоодветни, тука бевме да реагираме и да придонесеме кон достоинствена цена за македонското јаболко, нагласи Бачовски.

Тој истакна дека со националната поддршка преку програмите за директни плаќања и рурален развој и европскиот ИПАРД фонд сме држава која одвојува убедливо најмногу средства за поддршка на земјоделството, годишно се исплаќаат над 130 милиони евра, повеќе од било која држава од Западен Балкан.

Се е подготвено за почеток на изградба на откупно – дистрибутивен центар во Ресен, истакна Бачовски, додавајќи дека преку Светска банка е договорен заемот за изградба, и пратениците го изгласаа законот со што се отстранети сите бариери за овој центар.

Нашата работа и нашите резултати се секогаш водени од потребите и предлозите на граѓаните. СДСМ постои за да го обезбеди најдоброто за граѓаните, порача членот на ИО на СДСМ Никица Бачовски на трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Ресен.

Последни вести