Прес-конференција на СДСМ, Борис Тунџев, член на Комисија за транспорт и врски на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев продолжува со инвестиции во капитални проекти што се важни за развој на општините.
Преку ТАВ програмата доделени се нови 36 Договори со општините за финансирање проекти во вкупна вредност од 17,5 милиони евра.
Претходно, пред две недели беа доделени првите 23 договори во вредност од 9,9 милиони евра.
ТАВ Програмата, предвидува финансирање на 94 проекти во целата земја, во вредност 49,7 милиони евра.
Со овие средства ќе се финансира изградба на водоводи и канализаци, изградба и реконструкција на улици и локални патишта, но и други капитални објекти како нов мост во Скопје, реконструкција на општата болница во Гостивар, нова спортска сала во општина Чашка.
Ова се реални проекти за реални потреби на граѓаните, ова е пример за вистинска грижа на централната власт предводена од СДСМ за општините.
И на централно и на локално нив, како одговорна партија продолжуваме да работиме во интерес на граѓаните.
Затоа го имаме најдоброто за секоја општина, најдоброто за државата.