fbpx

Попов на трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Крушево: Машината на СДСМ на терен, над 750 средби со граѓаните за само еден месец

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ на овие локални избори ќе ги има најдобрите кандидати за градоначалници и советници, СДСМ со сигурност ќе победи на овие локални избори, порача вечерва од Крушево организациониот секретар Миртин Попов на трибината „Најдоброто за нашата општина“.

– За само еден месец успеавме да го посетиме секое село, секое населено место, секоја улица, имаме организирани 750 маалски и урбани средби за неоплн месец. Е тоа значи кога машинеријата на СДСМ ќе тргне на терен. Нема да застанеме затоа што граѓаните сакаат да го чуеме нивниот глас, затоа остануваме на терен. Овие активности ќе продолжат во континуитет преку целото лето. Покрај маалските и урбаните средби, покрај овие трибини, средбите со целни групи, одо овој викенд ќе започнеме со проектот врата до врата за да го посетиме секое семејство, да разговараме за нивните потреби и сето тоа да го преточиме во конкретни проекти за претстојните локални избори, истакна Попов.

Зборувајќи за понудата за локалните избори, Попов посочи дека СДСМ ја има најдобрата понуда и затоа е фаворит за победа и во Круешво и во другите општини.

Овој вторник објавивме 30 кандидати за градоначалници меѓу кои и Томе Христоски за општина Крушево. Сите триесет кандидати во оваа прва фаза се кандидати кои гарантираат дека ќе победиме во општините од кои доаѓаат, тоа се најдобрите кандидати врз база на сите анализи и истражувања, заклучи Попов.

Последни вести