fbpx

Христоски од трибината ,,Најдоброто за нашата општина“: Наследивме општина во долгови, за четири години Крушево е на нозе, се развива и стана атрактивна туристичка дестинација

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ истакна дека пред четири години ја затекна општината во минус, со долг од 420.000 евра, и плус три кредити, извршители тропаа на врата, се закануваше блокада на сметката.

Покрај сите овие околности направивме капитални проекти, кои во минатото беа поим да се случат, реконструкции на улици, резервоари за вода, водоводи, канализации, полетиште, нагласи Христоски, додавајќи дека од аматерско првенство, направивме две светски и едно европско првенство за параглајдерство и змајарство.

Наредната година имаме светско првенство за змајарство и седум меѓународни натпревари, со ова Крушево се става на светската мапата на посакувана дестинација за авантуристички туризам,

Тој наведе дека денес се имплементираат важни инфраструктурни проекти не само во градот, туку во сите населени места, а не како претходно, кога едни села имаа пешачки патеки, а други немаа вода за пиење.

Започнавме со изградба на резервоари за вода во село Белушино, продолживме во село Борино, започнавме водоводна мрежа во село Саждево продолживме во Јакреново, продолживме со реконструкција на патиштата, кон Јакреново, кон Саждево, и меѓу Борино и Житоше, нагласи Христоски, додавајќи дека се врши реконструкција на главната улица, улиците Питу Гули, Партизанска, Киро Фетак.

Со помош на централната власт се изгради вечното почивалиште на Тоше, но и многу други проекти како патот до Крушевско Езеро, изградбата на објект на полетиште за параглајдинг, реконструкција на патот Крушево – Пуста Река и она што е најново реконструкција на водоводната мрежа во Крушево, наведе Христоски.

Изминатите речиси 4 години суштински се посветивме на проблемите на граѓаните, направивме многу, имаме уште многу работи кои не стигнавме да ги реализираме, но во вториот мандат влегуваме како единствена општина Супербренд, порача градоначалникот на општина Томе Христоски на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Крушево.

Последни вести