Соопштение за јавност
Ние сме таа генерација, која го живее сонот на генерациите кои што ја основаа оваа наша современа држава, покажавме дека ја сакаме нашата држава независна, самостојна и суверена, но и како членка на НАТО и ЕУ, истакна потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Пробиштип
Тој нагласи дека направивме се и денеска сме членка на најмоќниот воено-политички сојуз, влеговме во НАТО како Македонци, зборуваме на македонски јазик, тој е официјален јазик во НАТО алијансата.
И ве уверувам и бидете убедени дека со мудри политики, со многу посветеност пожртвуваност и храброст ќе ги отвориме преговорите за членство на ЕУ и ќе станеме Европска Македонија како Македонци, со македонски јазик и таму ќе се говори македонски јазик, порача Спасовски.
Тој нагласи дека овој наш став е многу јасен и цврст, од него нема бегање и нема менување, македонскиот идентитет, македонскиот јазик, македонскиот народ е нешто за што не се преговара и најмалку денес опозицијата може да најде замерки, зашто тие не покажаа став, по ниту едно клучно и важно прашање за нашата држава.
Иднината на нашата од сите зависи од сите нас, но не зависи од структури кои никогаш немале став за одредени прашања и опцијата која тие ја претставуваат е опција која секогаш била опција која става сопка и нов нож во грбот во нашта татковина. Затоа ние сме цврсто решени да ги затвориме сите овие прашања, да ги отвориме перспективите на граѓаните на Македонија, порача потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски на трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Пробиштип.