fbpx

Отворен повик за кандидирање на претседатели на општински форуми на пензионери на СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn

 Оглас За самокандидирање на претседатели на општинските форуми на пензионери на СДСМ

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги повикува сите заинтересирани членови на општинските организации на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија да поднесат кандидатура за претседатели на општинските форуми на пензионери на СДСМ, а притоа да ги исполнуваат критериумите од Одлуката за распишување на оглас за самокандидирање на претседатели на општинските форуми на пензионери:

– Да уживаат висок авторитет, углед и доверба во нивната средина,
– Да бидат членови на СДСМ во моментот на поднесување на кандидатурата,
– Да имаат најмалку 62 годишна возраст или оствариле право на пензиско осигурување врз основа на позитивните законски процеси,
– Кои сакаат да придонесат во реализацијата на програмата за работа на Форумот,
– Да поседуваат политички и организациски способности.

Заинтересираните кандидати своите: пријави за самокандидирање, предлог-програми за работа и биографии да ги достават најдоцна до 02.08.2021 година до Претседателот на Форумот на пензионери на СДСМ во седиштето на партијата на ул.“Бихаќка“ бр. 8 Скопје или на електронска адреса:forum.penzioneri@sdsm.org.mk
Дополнителни информации и обрасци за постапката (пријава за самокандидирање) се објавени на огласна табла во општинската организација на СДСМ и веб страницата на СДСМ – www.sdsm.org.mk

ПРИЈАВА ЗА САМОКАНДИДИРАЊЕ ЗА КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОПШТИНСКИОТ ФОРУМ НА ПЕНЗИОНЕРИ НА СДСМ.

Последни вести