fbpx

Мицкоски си го покажа вистинското лице, не е кадарен да води партија, ниту профил на Фејсбук

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Христијан Мицкоски веќе неколку години по ред покажува екстремно ниско ниво на јавна комуникација со граѓаните и гласачите.

Човечкиот и политички профил на Христијан Мицкоски деновиве секому му се разјасни токму преку неговиот Фејсбук профил.

Очигледно е дека на Мицкоски не му е доволно тоа што е послушник на Никола Груевски. Не му се доволни блокадите, поткопувањето на здравствениот систем, пироманските деструкции.

Не му се доволни ниту релевантни европски истражувања кои го посочија како извор на лажни вести.

Политичкиот пироман Мицкоски упорно тера надолу, однесувајќи се како обичен трол што дели пцовки на интернет. Толку може, толкав му е капацитетот.

Прашање е само од која плажа пишува вулгаризми.

Некој што не може да прифати критика, не е кадарен за политичка функција, а не пак за позиција која подразбира носење одговорни одлуки.

Мицкоски не е кадарен да води партија, не е кадарен ниту да води профил на Фејсбук

Последни вести